X
 13.09.2021 Здравје

Бангкок користи автобус за да ги вакцинира старите лица против ковид-19

Главниот град на Тајланд од минатата недела нуди вакцинација за постарите лица и ранливите групи во автобус.

Бангкок претворил автобус во подвижна амбуланта за вакцинирање кој е наменет за оние лица што не може да патуваат за да се вакцинираат против ковид-19. Според планот, автобусот треба да се движи на различни локации секој ден, а во него да има медицински лица кои ќе ја вршат вакцинацијата.



Ова е прво вакцинирање против ковид-19 на овој начин во светот. Потребни се само 5 или 6 лица за да функционира вакцинирањето во автобусот, меѓу кои возачот, три медицински лица и најмногу две лица кои ќе се грижат за документацијата. Планот е да се вакцинираат над 1.000 лица во автобусот дневно.

Вакцинирањето во Тајланд започна побавно отколку во соседните земји. Досега целосно се вакцинирани околу 16,5 отсто од сите 72 милиони жители во земјата. Во државата досега биле потврдени над 1,3 милион позитивни случаи, а над 13.500 жители починале како последица од ковид-19.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје