Данските истражувачи користат виртуелна реалност за да го поттикнат вакцинирањето против ковид-19, измислувајќи игра за маневрирање низ толпа луѓе заразени со вирусот.
Во експериментот на Универзитетот во
Копенхаген учесниците носеле очила за да ја одиграат улогата на постара личност која минува низ градскиот плоштад, обидувајќи се да ги избегне минувачите со црвена облека, заразени со ковид-19. Вакцинираните учесници биле облечени во сино.
- Дефинитивно беше забавно - вели Адам, кој учествувал во играта и се „заразил“ додека играл.
Како што вели Адам, уште пред играта тој донел одлука да се вакцинира.
Фото: Screenshot/Reuters
- Од слично истражување знаеме дека кај луѓето, откако ќе доживеат вакво искуство со помош на виртуелната реалност, се зголемува желбата за вакцинирање - вели Роберт Бом, професор по психологија на Универзитетот во Копенхаген.
Светската здравствена организација проценува дека имунизацијата спречува 4 до 5 милиони смртни случаи на годишно ниво.
Во февруари и во март повеќе од една четвртина од возрасните во Европската Унија изјавија дека нема да се вакцинираат против ковид-19, покажува истражување на агенцијата на ЕУ, „Еурофонд“.
Извор:
Reuters
Фото: Screenshot/Reuters