X
 13.09.2026 Живот

За арбористот Димитар Попов, оценките во наставата, просторот за младите уметници... Што пишувавме неделава

„Оценките се последното нешто на кое треба да се фокусираме во наставата“, вели проф. д-р Калина Малеска од Филолошки факултет

Би сакала да видам многу промени во наставата, би сакала учениците да немаат отпор кон училиштето, тоа да не им биде фрустрација, туку поттик што ќе ги развие нивните интереси и потенцијали, вели професорката Калина Малеска, која ја приреди и уреди книгата „Поттикнување функционална писменост во наставата“

На младите уметници им треба простор да експериментираат, да погрешат, да создаваат и повторно да се обидат, вели визуелната уметница Кристина Таневска

Мислам дека нашата генерација има потреба да зборува за теми кои се многу лични, но истовремено и општествени, како идентитетот, менталниот простор на човекот, изолацијата, припадноста, дигиталниот свет, односите меѓу луѓето. Публиката постепено се отвора кон тие промени, но мислам дека институциите треба да бидат уште похрабри, вели Кристина

„Дрвјата се наши сограѓани од различна таксономија - да им го продолжиме животот колку што е возможно“, вели арбористот Димитар Попов

Најважно е да научиме да живееме со големите дрвја наместо автоматски да ги гледаме како проблем кој еден ден ќе треба да се отстрани. Да го продолжиме животот на дрвото колку што е разумно возможно, а паралелно со тоа одговорно да го менаџираме ризикот, изјавува Димитар
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот