X
 16.03.2025 Живот

Петар Мирчески ќе нѐ претставува на Хемиската олимпијада, Стојанка Ќупчева –добитничка на признание за извонредност на УКЛО... Што пишувавме неделава?

„Да помогнеме следната генерација да има уште поголем напредок“, вели Живе Ристовски, еден од стипендистите на најдобрите универзитети во светот што даваат бесплатна менторска помош

Живе Ристовски, кој дипломирал бизнис, економија и финансии на Универзитетот во Гронинген, Холандија, е еден од повеќето македонски стипендисти што доброволно се вклучија во платформата Мостови.мк бесплатно нудејќи менторска поддршка за студентите во Македонија. Ова е иницијатива поттикната од македонските студенти во државата и интелектуалци и експерти кои со финансиска поддршка на нашата држава успеале да се стекнат со диплома на еден од 100. најдобри универзитети во светот според Шангајската листа.

Стојанка Ќупчева - студентски правобранител и врснички едукатор за ментално здравје - доби признание за извонредност и сестраност на УКЛО


Стојанка Ќупчева е трета година на Педагошкиот факултет, на насоката Македонски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и е пример за активен студент. Покрај тоа што е редовна на предавањата и испитите ги дава навреме, па досега постигна висок просек од 9,4, има организирано низа едукативни семинари, работилници, вебинари и други настани.

„Златниот медал навистина е мотивација“: Петар Мирчески од Прилеп по третпат ќе ја претставува Македонија на Хемиската олимпијада

Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески ѝ го донесе на Македонија сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што се одржа лани во Саудиска Арабија, освојувајќи го во конкуренција на 330 натпреварувачи од 84 земји, а една година претходно се закити со бронзата. Петар ќе има нова шанса да атакува на златото на светскиот собир на најдобрите хемичари откако по третпат победи на Македонската хемиска олимпијада.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот