X
 02.05.2026 Живот

Филмот за Мајкл Џексон руши рекорди во кината низ светот

Новиот филм за легендарниот музичар Мајкл Џексон постигна голем успех во кината низ светот, а во првиот викенд од прикажувањето постави и рекорд по заработката за биографски филм за позната личност.

Улогата на музичарот ја толкува неговиот внук Џафар Џексон, син на неговиот брат Џермејн.

Од премиерното прикажување во кината минатата среда, продадените билети донесоа приход од 217 милиони долари (речиси 185 милиони евра).

Досегашниот рекорд со 105 милиони евра го држеше филмот „Боемска рапсодија“ за животот на Фреди Меркјури, легендарниот пејач на групата „Квин“, кого го толкуваше актерот Рами Малек.

Филмот за Мајкл Џексон го надмина и резултатот на филмот „Опенхајмер“ од 2024 година, кој тогаш донесе 153 милиони евра во првиот викенд на прикажувањето.

- Публиката очигледно е многу заинтересирана - вели Адам Фогелсон, директор на компанијата „Лајонсгејт“, која ги има правата за дистрибуција на филмот во Америка.

Филмот помина подобро кај публиката отколку кај критиката бидејќи неколку критичари се пожалија дека можеле да видат „прочистена“ верзија од кариерата на кралот на попот.



Извор: BBC
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот