X
 14.01.2023 Живот

Еве зошто на интелигентните луѓе им е потешко во животот

Многумина мислат дека интелигенцијата е важна за успешен живот. Ова е точно донекаде, но многу луѓе не знаат дека интелигенцијата има и некои недостатоци. Еве неколку негативни страни на високата интелигенција.

Интелигентните луѓе се ноќни птици

Истражувањата покажуваат дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција остануваат будни подолго ноќе и се будат подоцна наутро. Експертите велат дека тоа не треба да изненадува бидејќи интелигентните луѓе многу често ги избираат ноќните часови за читање, учење, анализирање, пишување... Мозокот се буди поради оваа работа, па потоа им е тешко да заспијат. Негативна страна е што квалитетниот ноќен сон е исклучително важен за здравјето и нормалното функционирање на човекот.

На интелигентните луѓе им е тешко да најдат партнер

Друг „недостаток“ на интелигенцијата е социјалната неснаодливост, особено во средно училиште, па дури и во раните дваесетти. За некои тоа трае речиси цел живот бидејќи секогаш се чувствуваат подобро во свое друштво или во друштво на познати луѓе. Негативна страна е што интелигентните луѓе во тој случај тешко запознаваат партнери бидејќи се повлечени и често имаат исклучително високи критериуми. Но, добрата вест е дека штом ќе најдат соодветни партнери, уживаат во значително подобар секс од луѓето со просечна интелигенција.

Лажењето не им е туѓо

Интелигентните луѓе обично знаат дека се најпаметните луѓе во собата. За некои луѓе тоа не значи ништо и можат нормално да се вклопат во општеството во кое се наоѓаат. Но, некои го користат својот интелект за да ги злоупотребат другите на некој начин. Со други зборови, тие им се обраќаат од висока нога, се расфрлаат со сложени термини и често додаваат нешто за да го подобрат впечатокот. Ова, секако, значи дека понекогаш може да бидат злобни, а такви луѓе никој не сака.

Веруваат во неверојатни работи

Неколку студии покажаа дека исклучително интелигентните луѓе веруваат во некои прилично чудни работи. На пример, испитаниците од едно истражување верувале дека чудовиштето на фотографијата е вистинско иако се работи за фотомонтажа. Експертите не знаат зошто е тоа така, но мислат дека тоа би можело да има врска со преголемата самодоверба, односно со апсолутната верба на паметните луѓе во нивниот интелект дури и кога тој ги мами.

Склони се кон самодеструктивност

Интелигентните луѓе се држат настрана од опасни работи бидејќи тоа е прилично логично, нели? Можеби изгледа така затоа што паметните луѓе избегнуваат опасни и нездрави работи, но реалноста е  поинаква. Зошто? Затоа што постои нешто што се нарекува љубопитност што ги води интелигентните луѓе во многу комплицирани и опасни ситуации, како што е зависноста од дрога. Неколку студии покажаа дека интелигентните луѓе имаат тенденција да бидат самодеструктивни.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот