X
 14.01.2026 Живот

Суд во Холандија поништи брак поради говор напишан од „Чет-ГПТ“

На пар од Холандија му бил поништен бракот бидејќи лицето што ја водело церемонија користело говор генериран со „Чет-ГПТ“, кој не ги исполнувал законските услови, се наведува во судската пресуда објавена оваа недела.

Партнерите од градот Зволе, чии имиња се отстранети од одлуката согласно холандските правила за приватност, навеле дека планирале да стапат во брак без разлика дали биле користени правилни зборови кога давале завети.

Според пресудата, лицето што ја водело нивната церемонија на 19 април ги прашало дали ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг, да се задеваат и прегрнуваат, дури и кога животот ќе стане тежок, на што двајцата одговориле потврдно.

Потоа, матичарот ги прогласил не само за маж и жена, туку пред сè за тим, луд пар, љубов и дом еден на друг. Сепак, судијата утврдил дека тие всушност не се заколнале дека ќе ги исполнуваат своите брачни должности, нешто што е пропишано со холандскиот закон.

- Судот разбира дека датумот во документот е важен за мажот и жената, но не може да го игнорира она што го вели законот - навел судијата.

Тој наредил бракот да биде избришан од градскиот матичен регистар во Зволе.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот