X
 11.07.2016 Живот

Причината поради која Хилари се омажила за Бил Клинтон

1

 

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон прв пат ја запросил Хилари Родам во пролетта 1973 година. Таа одбила


Парот во тоа време го завршил правниот факултет и дошле до пресвртната точка на нивната двегодишна врска. Кога Хилари ја одбила понудата, Бил се вратил во својот роден град за да предава на Правниот факултет на Универзитетот во Арканзас. Хилари во тоа време живеела во Кембриџ, Масачусетс и работела како адвокат за организацијата на Детскиот фонд за одбрана во кој подоцна претседавала со Управниот одбор.

Хилари го сакала Бил, но не можела да го замисли животот во Арканзас. Имала големи амбиции и не знаела што да прави - дали да го следи срцето или да инвестира во кариерата. Но, тогаш еден настан одлучил наместо неа. Најголемиот неуспех на нејзиниот младешки живот се покажал како вистинската насока за иднината. Оваа тајна ја криела од пријателите и јавноста цели 30 години.

Како и нејзиното момче, и Хилари имала политички амбиции. За време на нејзините факултетски денови таа се приклучила на Демократската страна, а откако дипломирала на Универзитетот во Јеил, само небото била граница.

Легендарниот новинар Карл Бернштајн во книгата „A woman in charge“, пишува дека Хилари имала многу причини зошто го избегнувала Арканзас. Преселувањето во Арканзас за неа би значело дека мора да се помири со професијата професорка на факултет или работа во една локална адвокатска компанија, што не била нејзина животна амбиција. Нејзините пријатели ѝ велеле дека е луда затоа што размислува за оваа опција, а ниту мајката на Бил не ја сакала. Бил пред Хилари бил во врска со популарна убавица и мајката на Бил, Вирџинија, не била уверена дека Хилари е доволно добра за нејзиниот син.

 

2


Откако го одбила неговиот предлог а брак, Бил ја убедил Хилари да го посети во Арканзас во текот на летниот одмор и таму да го положи правосудниот испит. Но откако Хилари го напуштила Арканзас и се вратила во Масачусетс, врската со Бил и понатаму била несигурна.

После положувањето на правосудниот испит во Арканзас, Хилари во 1973 година се посветила на полагање на правосудниот испит во Вашингтон. Полагањето на овој испит бил нејзин приоритет за да обезбеди постојана работа во главниот град на Америка. Хилари во тоа време работела во Детскиот фонд за одбрана, организација која лобира во корист на децата и ја обожавала својата работа. Но живеела сама и ѝ недостигал Бил.

Таа подоцна признава дека поголемиот дел од платата ги трошела на телефонски повици.

„Иако работата ме исполнуваше, бев осамена и ми недостигаше Бил повеќе отколку што можев да поднесам“, пишува во нејзината автобиографија „Living History“.

Сето тоа се променило кога добила шокантна вест - дека не го положила правосудниот испит во Вашингтон. Две третини од студентите, дури и оние кои имале полошо образование од Хилари, поминале. За прв пат во својот живот, Хилари се изневери себеси, но и другите кои очекувале да го положи испитот без никакви проблеми.

Идната госпоѓа Клинтон и прва дама на Америка не била прва која не го положила испитот. Мишел Робинсон, која денес ја знаеме како Мишел Обама, дипломирала на Харвард но и таа паднала на правосудниот испит. Двајца калифорниски гувернери, Пит Вилсон и Џери Браун, не поминале подобро на испитот. Винстон Черчил дури два пати паднал на испитот за запишување во воената академија Сендхарст.

„Срцето ме влечеше кон Арканзас. Кога дознав дека паднав на испитот, мислев дека резултатите ми покажуваат нешто“, пишува Хилари во нејзината автобиографија.

Неколку недели откако дознала дека не го положила испитот, Бил ја посетил Хилари во Бостон кадешто разговарале за иднината. Тој ѝ рекол дека изнајмил куќа во Фјетевил во Арканзас и сакал таа да му се придружи. Хилари прифатила. Се преселила во Арканзас каде предавала право на Универзитетот.

ПОсле година дена заедничко живеење, Хилари конечно прифатила да се омажи за Бил. Венчавката била во 1975 година.

Нејзиното паѓање на правосудниот испит во Вашингтон го криела 30 години. Не кажала ниту на нејзините најблиски пријатели. Дури во нејзината автобиографија напишала неколку реченици а неуспехот. Но, како што самата вели, не се вознемирила премногу бидејќи отсекогаш знаела дека ќе биде среќна покрај Бил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот