Дали вложувате во криптовалути? Доколку одговорот е позитивен, можеби имате психопатски карактеристики, покажува едно истражување.
Истражувачи од Технолошкиот универзитет во Квинсленд испитале 556 лица, од кои 26 отсто поседувале криптовалути, а 64 отсто покажале интерес за вложување во криптовалути.
Истражувањето покажало дека голем број од овие луѓе покажале мрачни карактеристики како садизам, психопатија, нарцизам и макијавелизам. Сите овие карактеристики ги обележува екстремната себичност и искористувањето на другите без чувство на емпатија.

Фото: Freepik
Истражувачите препознале две главни причини зошто криптовалутите ги привлекуваат овие луѓе. Првата се крие зад високиот ризик и потенцијалната голема добивка на влогот.
Втората е поврзана со недовербата во владата. Ваквите луѓе често не ѝ веруваат на владата, па затоа им се допаѓаат криптовалутите, поради децентрализираниот пристап и одбегнувањето на традиционалните закони.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Freepik