X
 14.05.2020 Здравје

Ковид-19: Оздравени 6 пациенти, новозаразени 29 – Македонија бележи ден без жртви

Шест оздравени пациенти и ниту еден починат од Ковид-19 се регистрирани денеска на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Оздравеа тројца во Велес и по еден пациент во Штип, Гостивар и во Кочани.

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на болеста: во Скопје - 9, Куманово - 1, Прилеп - 6, Тетово - 5, Струга - 2, Велес - 2, Битола - 2, Охрид - 2.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Коив-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, од кои оздравени се 1.235 пациенти, починати се 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

- Скопје - 588, активни 138
- Куманово - 411, активни 47
- Дебар - 51, нема активни
- Штип - 35, активни 1
- Прилеп - 190, активни 62
- Тетово - 126, активни 63
- Струга - 69, активни 6
- Велес - 111, активни 49
- Битола - 25, активни 6
- Охрид - 17, активни 2
- Кавадарци - 5, нема активни
- Гостивар -19, активни 3
- Гевгелија - 4, нема активни
- Струмица - 2, нема активни
- Крива Паланка - 6, активни 2
- Радовиш - 4, нема активни
- Крушево - 3, нема активни
- Кочани - 31, активни 4
- Пробиштип - 2, нема активни
- Кичево - 2, нема активни
- Неготино - 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар - 1, нема активни
- Македонски Брод - 2, нема активни
- Пехчево - 3, активни 1
- Делчево -1, нема активни
- Валандово - 1, активни 1
- Виница - 2, нема активни
- Кратово - 2, активни 2
- Берово - 1, активни 1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје