X
 14.05.2021 Живот

Кои се секојдневните навики на 500 среќни луѓе

Во 2019 година патував во сите 50 сојузни американски држави за да откријам како Американците постигнуваат внатрешна среќа без оглед на надворешните околности. Во текот на моето патување, интервјуирав повеќе од 500 луѓе што се опишуваат себеси како среќни за да откријам како наоѓаат радост во нивниот секојдневен живот.

Моето патување го синхронизирав во документарец за американската среќа.

Често самите го комплицираме поимот за среќа, но она што го открив разговарајќи со многу луѓе што се среќни е дека постојат голем број едноставни промени што можете да ги направите за да го подобрите нивото на среќа и да изградите навики што ќе ве однесат до долгорочна среќа.

Откријте што ја создава, а што ја исцрпува вашата среќа

Првиот дел од создавањето поголема внатрешна среќа е да станеме свесни за тоа што моментално ја создава и што ја исцрпува. Почнете со конкретен чекор и напишете список со нештата што ви носат радост наспроти нештата што ве прават тажни. Клучот за оваа вежба е дека на листата треба да има работи што можете да ги контролирате. Оттаму, размислете како можете да управувате со вашето време правејќи повеќе работи што ги сакате, додека ќе го ограничите времето на работите што ја намалуваат вашата среќа.

Направете листа со зборови според кои ќе живеете


Честопати луѓето мислат дека откако ќе ја постигнат животната цел, ќе ја постигнат и долгорочната среќа, но тоа не беше случајот кај повеќето луѓе со кои разговарав. За нив, среќата беше еден вид мускул што постојано требаше да го вежбаат и повторно да го проценат. Постигнувањето на вашите цели е одлично, но многу луѓе откриваат дека задоволството е минливо. Ако погледнете подлабоко, ќе откриете дека она што често го посакуваме е емоцијата поврзана со постигнувањето наместо самото постигнување. Овој увид дава можност да добиете поголема контрола над вашиот став.

sreka
Фото: Freepik

Секојдневно создавајте позитивни емоции запишувајќи зборови според кои ќе живеете. На пример, како сакате да се чувствувате денес? Смирено? Слободно? Енергично? Среќно?

Наведете неколку збора што ги отелотворуваат емоциите и искуствата што сакате да ги чувствувате - чувствата што ги имате кога ќе постигнете некоја цел. Откако ќе ја имате вашата листа, можете да почнете да ги менувате вашите активности, мисли и содржина за да се усогласите со овие зборови. Кога одлучувате што да направите или на што да дадете приоритет, прегледајте ја листата за да откриете дали се вклопува со активноста. Ова помага да се создаде попозитивен ден во кој ќе имате некаква цел.

Почнете го утрото под ваши услови

Почнувањето на утрото со позитивна нота е една од највлијателните работи што можете да ги направите за да развиете секојдневна среќа. За ова не се потребни часови, а има моќ да го трансформира вашиот ден.

Наместо да брзате и веднаш да се впуштите во денот или да го зграпчите телефонот и да ги посетите социјалните мрежи, одвојте си една минута за да си поставите неколку задачи. Што сакате да постигнете, како сакате да го постигнете и со каков став? Одлучете како сакате да ги доживеете и да реагирате на ситуациите наместо да бидете реактивни цел ден. Оваа вежба ве принудува да бидете поприсутни.

Следете го вашиот инстинкт


Во текот на моето патување открив дека околу 70 отсто од луѓето што се сметаат себеси за среќни направиле животна промена која семејството и пријателите ја сметале за „чекор назад“. Овие „луди“ или „непрактични“ промени во нивните животи на крајот ги однеле чекор понапред, а сето тоа поради искрата на возбуда, интересот и инстинктот што одлучиле да го следат. Затоа, наместо да ги игнорирате вашите чувства и вашиот инстинкт, како и вашата љубопитност, истражувајте ги. Прочитајте книга, статија или гледајте документарец, обратете се до пријател што може да ви даде поголем увид во работите што ве интересираат. Не измислувајте изговори. Наместо тоа, следете ги вашите чувства и видете каде ќе ве однесат.

Автор: Мишел Вакс
Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот