X
 14.05.2023 Живот

Како влијае дехидратацијата врз возењето автомобил?

Пред да седнете зад воланот, веројатно проверувате дали сте заборавиле да понесете нешто. Но, честопати возачите забораваат на нешто што е многу важно.

Американско истражување открило дека возењето во дехидрирана состојба може да биде опасно колку и возењето под дејство на алкохол. Затоа, многу е важно да пиете доволно вода пред да тргнете на долг пат, особено во жешки денови.

Во истражувањето се анализирал бројот на грешки за време на симулирано возење на испитаниците во зависност од тоа колку вода испиле пред возењето. Испитаниците направиле двојно повеќе грешки кога пиеле помалку вода пред возењето. Меѓу другото, тие поминувале во обратна насока кога немале цел да претекнуваат, предоцна кочеле и не возеле по права линија.

Човечкиот мозок не функционира оптимално кога организмот е дехидриран. Дехидратацијата негативно влијае врз бистрината на умот, фокусирањето, концентрацијата, па дури и расположението.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот