X
 03.02.2024 Живот

Дали правилно кочите на семафори? Многу возачи ја прават оваа грешка

Ако секој ден возите низ град, тогаш често мора да застанете на црвено светло. Дали правилно го правите тоа? 

Истражувањата покажуваат дека голем број возачи, дури и искусни, прават грешки при овој вообичаен маневар. Делумно затоа што погрешно ги учеле во автошколите, а делумно затоа што слушаат лоши совети, но факт е дека многу возачи прават грешки.

Честа грешка е прерано ставање на менувачот во лер, дури и стотина метри пред раскрсницата. Префрлувањето во лер далеку пред да стигнете до семафор го зголемува абењето на вашите сопирачки. Во мирување, единственото средство за забавување се сопирачките, што значи дека тие достигнуваат многу повисока температура отколку при сопирање со менувачот во брзина, што резултира со почесто (поскапо) сервисирање на сопирачките. Исто така, во лер, потрошувачката на гориво е поголема отколку кога автомобилот сопира со моторот, односно кога забавува додека менувачот е во брзина.

Значи, правилниот начин да се запре автомобилот е да почне да сопира навреме, додека автомобилот е во брзина. Само кога целосно ќе забавите, односно пред вртежите на моторот да паднат на 1.000, притиснете го куплунгот и кога ќе застанете, ставете го менувачот во неутрална положба.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот