X
 14.08.2017 Здравје

Храна што може да предизвика дијареја

Дијарејата е честа појава што е предизвикана од неколку можни причини. Некогаш е резултат на инфекции, некогаш е последица од земање лекарства или симптом за други болести.

Ова се неколку видови храна што можат да предизвикаат дијареја:

1. Шеќер и замени за шеќер

Со консумирањето многу шеќер, вода навлегува во цревата, па тоа може да резултира со дијареја. Фуктозата е компонента на шеќерот и природно ја има во овошјето. Некои овошја содржат повеќе фруктоза од другите. Повеќе фруктоза има во сок од јаболко, грозје, агава. Телото може да апсорбира само одредени количини фруктоза, а ако внесената количина е поголема, тогаш доаѓа до дијареја. Истото се случува и кога се консумира благ алкохол кој содржи повеќе шеќер.

2. Кофеин

Кафеинот е стимуланс и го забрзува движењето на храната низ цревата. Чоколадата, кафето, чајот можат да предизвикаат дијареја.

3. Мрсна и зачинета храна

Пржената храна и онаа што содржи многу масти може да предизвикаат дијареја бидејќи се тешки за обработка во организмот. Исто така и зачинетата храна, како онаа што содржи лути пиперки, може да е причина за дијареја.

4. Лактоза

Луѓето што не се толерантни на лактоза може да добијат дијареја. Но, тие групи луѓе сепак можат да консумираат производи со лактоза, ако содржат ниско ниво, како јогурт, кефир и тврди сирења.

5. Ферментибилни олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли

Некои од споменатите категории, како фруктоза, лактоза, спаѓаат во оваа група, но листата е поголема. Тука спаѓаат артичоки, грав, лук, кромид и друго.

6. Глутен

Глутенот е протеин во пченица, ’рж и јачмен и многу луѓе што имаат проблем со варењето на глутенот имаат и сериозни болести. Нивниот организам реагира на глутенот и се нанесува штета на тенкото црево.

Дијарејата исто така може да се појави ако некој воведе промени во својата исхрана. Може да се случи да дојде до ваква реакција и како последица на користење лекови, особено оние што содржат магнезиум.

Во случај на дијареја лекарите обично советуваат да се јаде банана, ориз и двопек, но за тоа не постои цврст доказ дека е корисно. Она што е најважно е телото да се одржува хидрирано, во случај на дијареја, а тоа значи дека треба да се пијат многу течности.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје