X
 14.09.2022 Живот

Главниот град на Казахстан си го враќа старото име

Претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев прифати да го врати некогашното име на главниот град на земјата, Астана. Ова следува по само три години откако го смени во чест на својот претходник, соопшти неговиот портпарол Руслан Желибан.

Токаев се согласил на промена на името по иницијатива на група пратеници.

Еден од првите потези на Токаев откако ја презеде должноста во 2019 година, по заминувањето на Нурсултан Назарбаев, беше да го промени името на главниот град на Казахстан. Астана да биде Нур-Султан.

Назарбаев, кој ја водеше земјата три децении под Советскиот Сојуз и откако стекна независност во 1991 година, го смени главниот град од Алмати во Астана во 1997 година.

Чекорот беше доведен во прашање поради релативната изолација на градот во северните степи и озлогласени студени зими каде што температурите паѓаат дури до -51 Целзиусов степен.

Тој го претвори градот во изложба на блескава архитектура, вклучително и кула за набљудување, каде што посетителите можат да ги стават рацете во отпечатокот на Назарбајев.

Токаев го отстрани Назарбаев од високите функции по смртоносните немири во јануари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот