X
 13.10.2025 Спорт

Бесплатен влез за основци и млади фудбалери за вечерашниот натпревар на македонската репрезентација

Доколку вашето дете сака фудбал и сака да ја гледа македонската репрезентација, вечерва можете да се упатите на арената „Тодор Проески“ и бесплатно да го проследите натпреварот меѓу Македонија и Казахстан, кој почнува во 20:45.

Од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека влезот на овој квалификациски натпревар за Мундијалот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.

Дополнително, бесплатен влез на источната трибина ќе имаат и сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.

Се гледаме на трибините!

Фото: ФФМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт