X
 14.10.2022 Живот

Како жителите на едно гратче во Финска го претворија песимизмот во бренд?

Жителите на едно мало место во Финска успеале да го направат тоа во обид да го спасат градот, кој има сѐ помалку жители.

Секој што ќе тргне кон Пуоланка, мало гратче среде Финска, ќе биде пречекан со големи жолти знаци од страната на патот. Во сиво попладне изгледаат весело, додека туристите не забележат што пишува на нив.

„Дали сте изгубени? Следен знак: Пуоланка“, предупредува еден знак.

„Наскоро, Пуоланка. Имате уште време да свртите назад“, предупредува другиот.

Како и во многу други развиени земји, стапката на наталитет во Финска опаѓа и нејзиното население старее, а изгледите се помрачни од оние кај нордиските соседи.

Се намалува бројот на жители

Најновиот извештај од финската статистика предвидува дека населението ќе се намали до 2031 година, што предизвикува загриженост за влијанието врз социјалните и здравствените системи.

Градот има околу 2.600 жители, од кои повеќето се над 60 години. Населението на градот е преполовено од 80-тите години, а младите се селат во поголемите градови.

Најтешко е погодено гратчето Пуоланка, место кое многумина го опишуваат како најоддалечената општина во најоддалечената финска провинција.

Пуоланка - асоцијација на песимизам

Градоначалникот Хари Пелтола вели дека кога им кажува на другите Финци од каде потекнува, сите споменуваат песимизам.

Така, многу Полјаци кога ќе го слушнат зборот песимист, веднаш помислуваат на Пуоланка.

Зошто едно оддалечено и скромно гратче се одлучило за песимизмот?

Двајца момци одлучиле да ја искористат ситуацијата и да го претворат песимизмот во бренд, па основале необично Здружение на песимисти во обид да го оживеат градот.

grad
Фото: Instagram

Невообичаен потег

- Не можеме да дозволиме градот да умре додека ние го гледаме тоа, се обидуваме да го вратиме хуморот и ваквата демографска состојба луѓето да ја прифатат со насмевка - вели еден од нив.

Тие велат дека и песимистите можат да се смеат, нивното кафуле, кое го носи истото име, е доста популарно, а во продавниците со нивните брендови, каде што се продаваат маици на кои пишува „песимисти“ и беџови на кои има песимистички пораки за Пуоланка, работата оди одлично, па сите купуваат нешто што ќе ги потсетува на ова место. Со текот на времето Пуоланка стана култно место во Финска.

Момчињата објавуваат и иронични музички спотови на социјалните мрежи. Видеата кои го покажуваат градот во неговата песимистичка слава имаат стотици илјади прегледи на интернет.

Едно од видеата полно со мрачен хумор имаше 200.000 прегледи кога беше објавено на социјалните мрежи, а друго видео достигна половина милион.

Оваа нивна „песимистичка кампања“ придонесе за голем број посетители на местото.

Сепак, според некои анализи, Финците се најсреќните луѓе во светот. Момците од Пуоланка објаснуваат дека е важно да се биде среќен и со малите нешта.

Пуоланка беше во вестите поради сосема погрешни причини, па локалните жители одлучија да прифатат дека се најлоши. Сега тоа е најпесимистичниот град во Финска и сите го знаат неговото име.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот