Екран во лифтот покажува „433“, број на метри под површината на земјата. Вратите се отвораат и го откриваат влезот во идното трајно складиште на истрошено нуклеарно гориво во светот.
Ископано во стабилна карпа стара 1,9 милијарди години на југозападот на Финска, уникатното складиште наречено „Онкало“, што на фински значи пештера, речиси е подготвено да започне со работа.
Се чека конечно одобрување
Земјите се соочуваат со прашањето како да се справат со опасните нуспроизводи од нуклеарната енергија уште од изградбата на првите електрани во 50-тите години на минатиот век. Во моментов најголемиот дел од тој отпад се наоѓа во привремени складишта.
Вакви подземни складишта се градат и во други земји, вклучувајќи ги Шведска и Франција, но се очекува Финска да биде првата што ќе отвори трајно решение.
Финската управа за радијациска и нуклеарна безбедност во јуни треба да издаде конечно одобрение, по што може да добие дозвола за работа.
- Се надеваме дека ќе почнеме со работа кон крајот на годината или поверојатно на почетокот на следната - изјави извршниот директор на нуклеарниот оператор „Теолисуден Воима Ој“, Филип Бордарије.
Неговиот глас одекнувал низ влажен тунел во кој истрошеното нуклеарно гориво ќе биде „закопано“ во дупки издупчени во карпата, каде што ќе остане опасно радиоактивно илјадници години.
- Отпадот што моментално се лади во базени со вода во привременото складиште во блиската електрана „Олкилуото“, покрај Балтичкото Море, ќе биде првиот што ќе биде одложен - открива Бордарије.
Со капацитет од 6.500 тони ураниум, „Онкало“ е наменет за трајно складирање на истрошено гориво од пет фински нуклеарни реактори, од кои три се наоѓаат во „Олкилуото“.
Компанијата за управување со нуклеарен отпад „Посива“ започнала со изградба на објектот во 2004 година, а трошоците се проценуваат на околу една милијарда евра.
Мрежа од подземни тунели
Планирано е истрошеното гориво да се одлага во широка мрежа од тунели на „Онкало“ во текот на следните 100 години, но работата може да се продолжи доколку се изградат нови нуклеарни реактори. Потоа, складиштето ќе биде запечатено за да обезбеди безбедно чување најмалку 100.000 години.
По 100.000 години нивото на радиоактивност ќе биде приближно исто како кај ураниумската руда од која е направено горивото. Кога секој тунел за одлагање, долг 300 метри, ќе биде пополнет, ќе биде дополнително запечатен со армирано-бетонски „чеп“ засилен со челик.
Имајќи ја предвид потенцијалната опасност, првите 10.000 години се клучни за одржување на интегритетот на капсулите.
Според Килонен, главните долгорочни ризици се корозија на бакарните контејнери или земјотреси во текот на идните ледени доба, кои би можеле да ги оштетат капсулите и да предизвикаат истекување на радиоактивен материјал.
Сепак, финското здружение за заштита на природата критикува и тврди дека нуклеарниот отпад претставува долгорочен ризик.
Според законот, нуклеарниот отпад произведен во Финска мора да се складира во земјата. Пред законската измена во 1994 година, истрошено нуклеарно гориво се извезувало, на пример, во Русија.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube