X
 14.12.2022 Наука

Алатка за брзо откривање маларија без игли и боцкање

Маларијата вообичаено се открива со тест на крвта, но научниците смислиле метод со помош на уред кој испушта безопасна инфрацрвена светлина на увото или прстот на човекот пет до десет секунди. На овој начин се собира „инфрацрвен потпис“ кој веднаш се обработува со помош на компјутерски алгоритам.

Револуционерен метод

- Во моментот претставува огромен предизвик да се тестираат големи групи луѓе каде што мора да земете крв и да ја измешате со реагенс за да добиете резултати - објаснува водачот на меѓународниот истражувачки тим, д-р Меги Лорд од Факултетот за биолошки науки на Универзитетот во Квинсленд, Австралија. Д-р Меги верува дека оваа технологија ќе го револуционизира начинот на кој светот се бори против маларијата.

- Со оваа алатка можеме брзо да откриеме дали цело село или град боледува од маларија и дали е носител на маларија.

bolest

Новата технологија не користи ниту хемикалии ниту игли, туку ја открива маларијата преку кожа користејќи инфрацрвена светлина. Уредот се контролира преку паметен телефон, а резултатите се добиваат во реално време.

Зика и денга

Истражувачите веруваат дека оваа технологија е првиот чекор за елиминирање на маларијата, болест која според Светската здравствена организација заразила 241 милион луѓе и убила повеќе од 600.000 само во 2020 година.

Како што велат научниците, технологијата може да помогне и во борбата против други болести, со неинвазивно откривање инфекции, како вирусот зика и денга-треската, со брзи и едноставни прегледи на самото место.

Извор: Bug.hr
Фото: Bug hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука