X
 16.02.2015 Живот

Какво време не очекува на почетокот од оваа недела?

Во понеделник во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во југоисточните и источните предели со појава на локална облачност.

Слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се движат во интервал од -7 до 0 степени, а во текот на денот температурите ќе достигнат до 5 односно до 13 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за појава на магла. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер. Утринската температура од -2 степени, а дневната до 8 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во југоисточните предели со врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во благ пораси и ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 1 односно до 9 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот