X
 11.03.2016 Живот

Прогноза за времето во Македонија во наредните 5 дена



Во Македонија во петок во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди, стабилно и потопло. Услови за сосема слаби врнежи од дожд ќе има во Охридско-Преспанскиот и во Кривопланачкиот регион во попладневните часови. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно облачно, попладне се очекуваат и сончеви периоди. Ќе дува слаб југозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во Македонија во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне продор на нов влажен бран од југ кој ќе донесе врнежи од дожд, над 1400 метри со врнежи од снег. Максималните температури од 7 до 16 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат и во недела во текот на целиот ден, а пообилни ќе бидат во јужните, југоисточните и источните предели, каде ќе наврнат и над 30 литри дожд. Температурите од 5 до 14 степени. Во понеделник умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд и пад на температурите, а во вторник умрено облачно со сончеви периоди. Максималните температури од 4 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот