X
 02.03.2015 Живот

Тинејџерката која заработува 500 илјади долари годишно

Во американските тв серии и филмови за тинејџери често пати можеме да видиме како многу млади во Америка заработуваат пари како дадилки.

 

тинејџерка


Но, тинејџерката Ноа Минц, од работа за џепарац таа создала сопствена компанија. Имено, таа отворила сопствена агенција за чување на деца од која годишно заработува 500.000 долари. Нејзината агенција наречена „Nannies by Noa“ работи веќе 3 години, а нејзините услуги ги користат повеќе од 190 родители.

Нејзината работа започнала спонтано - мајка и` ја замолила да пронајде дадилка за нејзиното семејство. Ноа има уште три браќа и сестри, па затоа била потребна таква помош. Подоцна таа им помогнала на неколку пријателки на нејзината мајка. Ноа тогаш одела во 7 одделение, а барањето на дадилки за различни семејства го сметала за забавно.

„Не очекував успех, но одлучив да се обидам“, вели таа.

За да може да се посвети на училиштето, Ноа минатата година вработила директорка која ќе ја води агенцијата. Компанијата моментално има 25 постојано вработени дадилки и 50 кои родителите ги ангажираат по потреба.

„На почетокот не наплатував доволно. Дури и самите клиенти ми зборуваа дека треба да наплаќам повеќе“, вели таа. Денес наплатува 15% од годишната плата на секоја дадилка, а почетната плата во Њујорк е 50.000 долари годишно.

Како тинејџерка имала сопствени пари кои ги вложила во отворање на агенцијата, такашто почетниот капитал и` го позајмил нејзиниот татко кој е регистриран како сопственик.

За плановите за иднина Ноа моментално не размислува. Најпрво сака да го заврши средното училиште, а искуството кое го стекна со водење на сопствена работа многу и` помогнало во текот на образованието и во изградбата на самодоверба.

„Не сум најдобар ученик и дефинитивно се мачев на училиште, но откако ја создадов агенцијата, сфатив дека да се биде надарен за учење не е исто како и да се има „нос“ за работа. Ја искористив шансата такашто работата ми даде поголема самодоверба на училиште“, вели таа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот