X
 11.04.2015 Здравје

До 2025 година половина од децата ќе бидат аутистични

autizam 

 

Неверојатно е тоа што и покрај сите информации на располагање, луѓето се целосно инертни кога станува збор за нивната судбина. Всушност, не е јасно што се случува во мозокот на човекот што тој дозволува да се труе.


Дали сте забележале дека децата денес се многу поболни отколку претходно, и покрај истакнатите медицински достигнувања? Сте забележале ли дека се` повеќе деца се подложни на тумор и вродени маани? За алергијата и да не правиме муабет. Денес, речиси секое дете е алергично на нешто и не постои никаква причина за тоа? А аутизмот?

Во 1975 година било откриено дека едно од 5.000 деца биле аутистични. Во 1985 година едно од 2.500 деца имале аутизам; во 1995 година едно од 500 деца; во 2005 година едно од 166 деца, а денес едно на 68 деца развиваат аутизам.

Истражувањата покажуваат дека аутизмот не е генетска болест, туку причините за развој на оваа болест се надворешни. Тие се наоѓаат во околината, храната и водата која децата ја консумираат. Причината се наоѓа во рацете на застрашувачките корпорации. Поради овие причини истражувањата треба да се фокусираат на спречување на растењето на аутизмот.

 

autizam


Доколку ги следите мејнстрим медиумите ќе забележите репортажи за аутистични деца. Се отвораат училишта за нив, се формираат посебни здруженија меѓутоа никој не се запрашува зошто живееме во свет во кој наеднаш започнаа  да се раѓаат болни деца.

„Ако луѓето не се разбудат до 2025 година, секое второ дете ќе биде аутистично“, вели Д-р Стефани Сенеф.

Сенеф долго време работи за да ја подигне свеста кај луѓето во врска со проблемот кој го предизвикува аутизмот. Како што таа вели, доволната количина на докази покажуваат дека земјоделските пестициди играат главна улога во брзиот пораст на стапката на аутизмот во последните децении.

Според Агенцијата за заштита на животната средина, глифосатот е хербицид регистриран за употреба на различни видови на овошје, зеленучк и полјоделски култури кој широко се употребува. Ова е активна состојка во „RoundUp“, производ направен од „Monsanto“ кој е број еден хербицид низ целиот свет.

Според Сенеф глифосатот е главната причина за појава на аутизмот затоа што тој ги убива нашите корисни бактерии и му штети на имунолошкиот систем.

„Глифосатот може да ги објасни здравствените проблеми во светот, вклучувајќи го и аутизмот. Аутизмот знае да биде многу тешка попреченост“, вели Сенеф.

„Присуството на глифосат во нашата храна со текот на времето се акумулира во нашето тело“, вели Сенеф.

Извор: Medical daily
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје