Јавувањето за интервју за работа е многу покомплицирано отколку што треба да биде. Можете да направите се` како што треба, а сепак да завршите со ништо. Или пак, може да ве препорача некоја влијателна личност без воопшто да аплицирате. Целата работа е надвор од ваша контрола повеќе отколку што верувате.
Кои работи би можеле да влијаат врз вашите шанси да го привлечете вниманието на компанијата, без разлика на тоа што ќе направат или нема да направат? Невозможно е да се кажат сите бидејќи секој менаџер е различен. Сепак, ви нудиме неколку кои се најчестите причини поради кои кандидатите не добиле повратен повик назад.
1. Не ги познавате вистинските луѓе
Веројатно ја знаете поговорката „Не е важно што знаете туку кој знаете“. И ова е барем делумно вистинито. Секако, менаџерите за вработување сакаат да изнајмат луѓе кои ќе знаат како треба да работат. Проблемот е тоа што има премногу луѓе кои ќе можат да го работат тоа што тие го нудат како работна позиција. Понекогаш разликата се сведува на тоа кој ве запознал и кој ве препорачал.
2. Вашето резиме не беше лесно за прелистување
Да, да, читате точно. Ако менаџерот за вработување може набрзина да го прелиста вашето резиме и да ги добие важните информации од него, тогаш голема е веројатноста да ви се јават назад.
Можеби и не е се` во форматот на резимето, меѓутоа поентата не е колку сте вие импресивни, ако на вашето CV му недостасува јасност. Избришете се` што е непотребно и фокусирајте се на главните работи.
3. Ги испуштивте вашите важни информации
Се случува и ова. Со желба да имате многу работи на вашето CV, сте ги испуштиле релевантните информации и сте ги ставиле оние неважните. На тој начин изгледате несериозно и непривлечно за менаџерите за вработување.
4. Дискриминација од секаков вид
Да, ова е навистина шокантно но вистинито. Нелегално е да се дискриминира врз основа на раса и пол, меѓутоа тоа не ги запира луѓето да им дозволат на нивната потсвест да влијае врз нивните впечатоци за кандидатите на работа. Менаџерите не можат да направат ништо околу ова, меѓутоа вие треба да процените дали сакате да работите во компанија која не би вработила поради полот или расата.