X
 08.06.2015 Живот

Трогателен есеј после смртта на сопругот на директорката на Фејсбук

Дејв Голдберг, сопругот на директорката на Фејсбук, Шерил Сандберг, почина пред месец дена на одмор во Мексико. Смртта била трагична, неочекувана и брза.

 

фб


Веста ја шокира американската јавност; Голдберг беше успешен бизнисмен, еден од највлијателните фигури на технолошката индустрија, а беше и доста омилен. Шерил Сандберг накратко се повлече од јавноста, а неодамна се врати на работа во Фејсбук и објави есеј за животот после смртта на нејзиниот сопруг. Ви го преведуваме во целост.

Денес се навршуваат првите 30 дена од погребот на мојот сопруг. Еврејската вера повикува на период на интензивно жалење кое е познат како шива и трае 7 дена после погребот на саканата личност. После шива, поголемиот дел од нормалните активности може да се продолжи, но дури на крајот на шелошим се обележува и завршувањето на жалењето за сопругот.

Мојот пријател од детството кој сега е рабин, неодамна ми рече дека најсилната кратка молитва која некогаш ја прочитал е: „Не дозволувај ми да умрам додека сум жив/а“. Пред да го изгубам Дејв, оваа молитва воопшто не ја разбирав. Сега ја разбирам.

Мислам дека човекот соочен со трагедија има избор. Може да и` се предаде на ништожноста, празнината која го исполнува срцето, градите, која не ви дава да мислите ниту пак да дишете. Или можете да се обидете да пронајдете смисла во сето тоа. Во последните 30 денови многу моменти ги поминав со таа ништожност. И знам дека празнината ќе проголат многу луѓе во иднина.

Но кога можам, го бирам животот и смислата.

Затоа и ова го пишувам, да го одбележам крајот на шелошим и да им вратам на другите нешто од она што ми го дале. Тагата е длабоко лично искуство, ме извлече храброста на оние кои со мене го делеа искуството. Срцето ми го отворија моите најблиски пријатели. Тотални странци јавно со мене ги делеа мудростите и советите. Сега јас го делам она што го научив, во надеж дека ќе му помогнам на некој друг. Во надеж дека во оваа трагедија можеби ќе најдам смисла.

Овие први 30 дена ги проживеав како 30 години. 30 години сум тажна. Чувствувам како да сум 30 години помудра.

Многу подобро разбирам што значи да с ебиде мајка, во агонијата која ја чувствувам кога децата ми вриштат и плачат, и во поврзаноста на мојата мајка со мојата болка. Таа се обиде да го пополни празниот простор во мојот кревет, секоја ноќ ме држеше додека плачев. Се бореше со потиснувањето на нејзините солзи за да направи место за моите.

Ми објасни дека тоа е моја тага, и јас ја сфатив поради болката во нејзините очи. Научив дека никогаш не знаев што да им кажам на луѓето на кои им е потребна помош. Мислам дека сите работи погрешно ги сфаќав; се обидував да ги уверам луѓето дека ќе биде подобро, мислејќи дека најдобро ќе ги утешам со надежта. Еден мој пријател кој има рак во терминална фаза ми рече дека му е најлошо кога му велат „ќе биде подобро“. Гласот во неговата глава ги прашува луѓето: „Како знаеш дека ќе биде подобро? Зар не сфаќаш дека ќе умрам?“ Во изминатите месеци сфатив што тој сакал да ме научи.

Вистинското сочувство некогаш не е да го уверуваш некој дека ќе биде подобро, туку подобро е да признаеш дека нема да биде. Кога луѓето ќе ми речат „ќе бидете ти и твоите деца среќни“, срцето ми вели дека ќе бидам, но знам дека никогаш повеќе нема да почувствувам чиста радост. Кога ми велат „ќе се навикниш, но никогаш нема да биде како што беше“, тоа повеќе ме теши бидејќи знам дека ја кажуваат вистината. Подобро е човек да го прашаш „како си денес“ отколку „како си“, иако и тоа секогаш било во најдобра намера. Кога ме прашуваат како сум, морам да се воздржам да не вриснам „мажот ми почина пред месец дена, што мислиш ти, како сум?“. Кога ќе слушнам „како си денес?“, сфаќам дека личноста знае најдобро дека можам да живеам ден за ден.

Научив некои важни и практични работи. Иако знаеме дека Дејв почина на место, јас не знаев додека се возевме со брзата помош. Патот до болница беше неподносливо бавен. Се`уште го мразам секој автомобил кој не се тргшае од патот, секоја личност на која и` беше поважно да стигне неколку минути порано, а не да ни го ослободи патот. Забележав дека луѓето не се тргаат кога поминува брзата помош.

Научив како наеднаш се` може да стане ирелевантно - можеби и се` е ирелевантно. Дека земјата на која стоиш може да ти се руши без никакво предупредување. во последните 30 денови слушнав премногу жени кои ги изгубиле своите мажи и после тоа уште долго време останале без земја на која треба да стојат. Некои немале поддршка, други сами се бореле со емотивното патење и финансиските несигурности. Криво ми е што сме ги напуштиле тие жени и нивните семејства кога најмногу сме им требале.

Научив да барам помош - и колку ми треба помош. Досега секогаш бев постара сестра, директорка, онаа која планира и спроведува. Не го планирав ова и кога се случи, не можев ништо. Моите блиски планираа. Тие организираа. Тие ми велеа да седнам и да јадам нешто. Се`уште ме поддржуваат и мене и моите деца.

Научив дека издржливоста може да се научи. Адам М.Грант ме научи дека три работи се неопходни да се издржат и дека секогаш морам да работам на нив. Персонализација - разбирање дека не сум виновна за ништо. Ми рече да го исфрлам „ми е жал“ од употреба и постојано да си повторувам „не сум јас виновна“. Истрајност - потсетник дека нема секогаш вака да се чувствувам. Присутност - потсетник на секој детал од мојот живот.

Ме спаси со постепено враќање на работа, ми даде можност повторно да бидам присутна и корисна. Но, брзо открив дека и на работа односите се променија. Многу соработници ме гледаа со страв кога поминував. Знаев зошто - сакаа да ми помогнат, но не знаеја како. Не знаеја дали треба да споменуваат? Дали треба да премолчат? Што ако јас го споменам? Сфатив дека морам да се отворам доколку сакам да ја вратам блискоста со нив, која секогаш ми беше толку важна. На работа на најблиските соработници им реков дека можат да ме прашуваат што сакаат и дека јас ќе им одговорам. Им реков дека е во ред да зборуваат за себе. Една колешка ми призна дека неодамна возела покрај мојата куќа и не била сигурна дали да дојде. Колегата ми призна дека се парализира кога сум во близина, да не каже нешто што не треба. Отворениот разговор го исфрли стравот.

Сепак, постојат моменти кога не можам никој да пуштам во близина. Бев на училиште кај Ден, кога децата ги водат родителите низ училницата им ги покажуваат своите дела на ѕидовите. Толку родители, сите љубезни, ме гледаа и се обидуваа да ми кажат нешто утешително. Јас цело време гледав во подот за погледот да не ми се сретне со нив бидејќи се плашев дека ќе се скршам. Се надевам дека ќе ме разберат.

Научив да бидам благодарна. Вистински сум балгодарна за работите кои претходно ги земав здраво за готово - како животот. Колку и срцето да ми е скршено, секој ден ги гледам моите деца и пресреќна сум што се живи. Ја ценам секоја насмевка, секоја прегратка. Кога пријателот ми рече дека нема да го слави роденденот бидејќи мрази родендени, скоро се расплакав. Му реков: „Слави го роденденот по ѓаволите. Среќен си што го имаш“. Мојот следен роденден ќе биде депресивен до болка, но одлучив да го просалвам во срцето посилно отколку што некогаш сум го славела.

Навистина сум премногу благодарна на сите оние кои го понудија своето сочувство. Еден колега ми рече дека неговата сопруга, која никогаш не сум ј запознала, со години ја одложувала дипломата, а после ова се вратила на факултет. Кога околностите дозволуваат, повеќе од било кога верувам во поддршката на другите. Толку мажи, од оние кои го познаваа до оние кои никогаш не го запознале - му дваат чест на Дејв, со тоа што поминуваат време со семејството.

Не можам да кажам колку му сум благодарна на моето семејство и пријателите кои толку направиле за мене и ме уверија дека ќе бидат тука за мене. Во бруталните моменти кога ме обзеде ништожноста и празнината, само нивните лица ме извлекуваа од изолацијата и стравот. Мојата благодарност нема граници.

Го одведов мојот пријател на една од оние активности кои само татковците можат да ги прават со нивните деца. Испланиравме дека тој ќе го заменува Дејв во овие работи, но јас сепак му плачев „го сакам Дејв, ја сакам опцијата А“, а тој ме прегрна и ми рече: „Опцијата А не е достапна. Ајде затоа да одиме со опцијата Б“.

Дејв, во име на сеќавањето на тебе и подигнувањето на нашите деца онака како што заслужуваат, јас ти ветувам дека ќе дадам се` од себе и дека опцијата Б ќе биде повеќе од одлична. Иако шелошим заврши, јас се`уште ја оплакувам опцијата А. Секогаш ќе плачам за опцијата А. Знаеш како Боно пее: „There is no end to grief…and there is no end to love.“ Те сакам Дејв.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот