X
 12.06.2015 Живот

Доколку "Friends" беше сапуница

Што ако епската „Friends“ беше сапуница, односно еден вид на шпанска серија? Како би изгледале и како би се викале нејзините епизоди. Дефинитивно тогаш Рејчел, Моника, Фиби, Рос, Чендлер и Џои не би биле пријатели, и серијата би имала многу заплети и расплети. Погледнете како би биле некои од имињата на епизодите.

 

friends

 

1. Епизодата во која Фиби удира кучка

2. Епизодата со украденото бебе

3. Епизодата во која Рејчел се мажи со таткото на Рос додека е бремена од Рос

4. Епизодата во која Моника го труе Чендлер со домашна пита

5. Епизодата во која Рос открива дека Гантер е вистинскиот татко на неговите деца

6. Епизодата во која Рејчел го ослепува Рос со Ралф Лорен штикла

 

11

7. Епизодата во која сите откриваат дека Рос е всушност лошиот клон

8. Епизодата со заложничката драма во Централ Перк

9. Епизодата во која грдиот гол човек излегува дека е изненадувачки секси

10. Епизодата во која Џои е беспотребно без горен дел

 

8

11. Епизодата во која Моника има амнезија и мисли дека Чендлер е натрапник

12. Епизодата со Ричард, стариот таен постар љубовник на Моника

13. Епизодата во која Фиби паѓа од прозорец и преживува

14. Епизодата со драматичното зјапање на Рејчел

15. Епизодата во која ДНК тестот докажува дека Фиби е биолошката мајка на Џои

 

6

16. Епизодата во која Рејчел планира преземање на Ралф Лорен

17. Епизодата во која Моника и Чендлер на денот на венчавката дознаваат дека се братучеди

18. Епизодата во која Фиби и смрдливата мачка ги менуваат личностите

19. Епизодата во која Рос насилно паѓа по скалите додека вели „pivot“

20. Епизодата во која Фиби открива дека Урсула е всушност нејзината двојна личност

 

5

21. Епизодата во која Рејчел никогаш не слезе од авион бидејќи авионот се урна

22. Епизодата во која Рејчел се буди од кома една деценија подоцна

23. Епизодата во која Талија е заменета со Џенфер Анистон без објаснување

24. Епизодата во која Џои ја заведува мајката на Рејчел за да ги контролира нејзините пари

25. Епизодата во која Џои (повторно) го заведува неговиот газда за да избегне кирија

26. Епизодата со долгата секс сцена

27. Епизодата во која Моника ја лажира сопствената смрт за да го избегне Забавниот Боби

28. Епизодата во која Фиби ја продава својата душа на ѓаволот

 

3

29. Епизодата во која се врши егзорцизам на Фиби Буфе

30. Епизодата во која Чендлер „случајно“ се прободува себеси бидејќи тоа е она во кое Моника сака да верувате

31. Епизодата во која сестрата на Рејчел открива дека таа е всушност нејзината мајка

32. Епизодата во која Рејчел и Моника паѓаат во гроб на погреб

33. Епизодата во која Чендлер ја носи Моника во психијатриска болница

34. Епизодата во која на Рос му се дадени уште два дена да живее, но успева да се излечи со експериментален третман во Европа

 

2

35. Епизодата во која Чендлер открива дека месечари и е Г-ѓа Чанандлер Бонг

36. Епизодата во која Моника и` ја кажува најсочната тајна на Фиби

37. Епизодата во која Фиби ја кажува тајната на Моника на останатите

 

1

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот