X
 31.01.2017 Живот

Временска прогноза: Без промена на временските услови и во наредните денови

Денес е вторник, 31 јануари 2017 година, 31-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:42, а ќе зајде во 16:52 часот. Денот ќе трае 10 часа и 10 минути.



Во Македонија ова утро имаме доста потопло утро во однос на претходните денови, пред се поради ниската облачност која што ја имаме насекаде. По котлините има и појава на магла.

МАКЕДОНИЈА – Ако по утрото се познава денот, тогаш пред нас е еден облачен и тмурен ден. Магловито и облачно со појава на ниска облачност, но и многу потопло време не очекува денеска во текот на целиот ден, речиси насекаде во Македонија со исклучок на планинските предели каде ќе биде претежно сончево со локална. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -7 до 2 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 1 односно до 7 степени.
Во вечерните часови повторно се очекува појава на магла.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла и ниска облачност кои што ќе се задржат во текот на целиот ден. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Без промена на временските услови и во наредните денови, односно во среда и четврток доминација на магла и ниска облачност а понекаде со сосема кратки сончеви периоди но и благ пораст на температурите, како на утринските така и на дневните. Во среда утринските од -7 до 2, а дневните од 2 до 8 степени, додека пак во четврток минималните од -6 до 3 степени, а максималните од 3 до 9 степени. Зголемување на облачноста во повисоките слови на атмосферата се очекува до петок и сабота кога ќе преовладува претежно облачно и топло време, а во сабота во доницте попладневни и во вечерните часови со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Дневните температури од 4 до 10 односно од 6 до 12 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот