X
 15.07.2015 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата... Температури до 40 степени



Во Македонија во среда ќе биде сончево, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе бележат благ пад и ќе се движат од 9 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Пред нас е период на сончево и многу топло време со температури кои ќе бидат повисоки од просекот за овој период од годината. Секој нов ден ќе биде потопол од претходниот. Во четврток и петок сончево и топло, а максималните температури ќе достигнат до 26 односно до 38 степени.

Сончево и многу топло ќе биде и во сабота и недела. Дневните температури во сабота ќе се движат од 28 до 39 степени, а во недела тие ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. Висока ќе биде и вредноста на УВ индексот која ќе изнесува 9, па затоа бидете внимателни.


Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот