X
 22.12.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува



Денес е четврток, 22 декември 2016 година, 357-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:53, а ќе зајде во 16:11 часот. Денот ќе трае 9 часа и 18 минути.

Првото зимско утро ни носи и зимски временски услови. Ова утро во Македонија е претежно ведро со појава на локална облачност и студено, а во одделни котлини има и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – По зимското ледено утро, со утрински температури кои се движат во интервал од -12 до -4 степени, во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови имаме појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и северен ветер. Утринската температура од -7 степени, а дневната ќе достигне до 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок и сабота по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло време со благ пораст на дневните температури. Утринските температури од -9 до -3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 12 степени. Во недела и понеделник се очекува појава на облачност која што ќе услови пораст на утринските но и на дневните температури. Во недела утринските од -6 до 1 степен, додека пак дневните од 4 до 13 степени, а во понеделник минималните од -4 до 3 степени, додека пак максималните од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот