X
 29.03.2016 Живот

Времето во наредните денови... За викенд температури до 27 степени



Во Македонија во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди. Во крајните западни предели постои можност сосема слабо да зароси но и оваа појава е многу малку веројатна. Попладне постепено разведување и намалување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди, попладне претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Во Македонија во наредните денови вистинско пролетно уживање, температурно можеби ќе наликува и на лето. Во среда претежно сончево и топло со температури од 14 до 23 степени. Во четврток сончево со дневни температури од 16 до 25 степени. Во петок ќе има појава на локална облачност која нема да влијае на порастот на максималните температури кои ќе се движат од 17 до 26 степени. Во сабота сончево и надпросечно топло со дневни температури кои ќе се движат во интервал од 18 до 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот