X
 24.11.2020 Наша тема

Анкета: Треба ли да се легализира марихуаната?

Премиерот Зоран Заев најави идеја за декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места. Неговата процена е дека овој проект може да ѝ помогне на угостителската дејност, но и на туризмот генерално, a истовремено додаде и дека ако мнозинството се спротивстави на идејата, ова прашање нема да се чепка.
- Идејата е во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување на одредени стандарди - вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи консумација на марихуана - вели Заев.
Според премиерот, стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

Каков е вашиот став, дали треба да се легализира марихуаната според идејата на премиерот, и ако сметате дека треба, каде?

Ве молиме за одговор на анонимната анкета.


*Оваа анкета не е на научна основа
Фото: Фрипик

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема