X
 31.07.2015 Култура

Вашата омилена серија завршува по осмата сезона

Претседателот на Ејџ-Би-Оу, Мајкл Ломбардо на новинарите им рекол дека во тек е продукцијата на шестата сезона на „Игри на престолот“, но серијата најверојатно ќе заврши по осмата сезона. Имено, Ломбардо посочи дека Дејбид Беноф и Дан Вајс имаат намера да стават крај на сезоната.


- Во прашање е колку ќе може да направиме по седмата сезона. Мислам дека Беноф и Вајс чувствуваат дека ни остануваат уште две години по шестата сезона. Како што реков и порано, би сакал да го променат мислењето, но моментално тоа е нивниот план. - вели Ломбардо.

Инаку, во претходни интервјуа се споменувало дека седмата сезона би можела да биде последна.

- Отворен сум за сè што Дан и Дејв планираат со серијата или со било кој друг проект. Сè зависи од тоа што сакаат. Мислам дека сте во право, приказната има огромен потенцијал кој би можеле да го истражуваме и во продолжение, но мора да ги имате Џорџ Р. Р. Мартин, Дан и Дејв, кои сакаат да се занимаваат со тоа. - додава Ломбардо.

Сепак, ништо не е сигурно бидејќи за ова сè уште не се разговарало сериозно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура