X
 20.04.2021 Забава

Сцени од „Пријатели“ што не биле во сценариото

Серијата „Пријатели“ никогаш не здосадува. Обожавателите на оваа серија ја гледаат повторно и повторно, иако ги знаат сите сцени, и секогаш им е смешна. Интересно е што многу моменти во серијата воопшто не биле во оригиналното сценарио, туку биле воведени на снимањето или импровизирани од страна на актерите.

Во видео од каналот на „Јутјуб“ наречен „Оса мувис“ се покажуваат сцените што оригинално не требало да бидат снимени, но на крајот ја направиле серијата уште посмешна.

Меѓу другото, дознаваме дека Метју Пери е посмешен од Чендлер Бинг бидејќи додавал многу шеги во текот на снимањето. Улога во менувањето на сценариото имале и Дејвид Швимер, кој го играше Рос, и Џенифер Анистон, која ја играше Рејчел.


Извор: Youtube
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава