X
 08.08.2015 Живот

Работодавците ги откриваат најнеуспешните интервјуа за работа

Сите кандидати за работа знаат дека првиот впечаток е доста важен, но некои од нив, дали поради нервозата, незнаењето или ароганцијата, сепак успеваат и едноставните работи да ги згрешат.

 

работа


Главниот консултант на „Hender Consulting“ Ендру Суливан вели дека првиот впечаток е доста важен за време на интервју за работа.

„Сум имал кандидати кои станувале и си заминувале од интервјуто трчајќИ. Сум имал и таков кој ги стави нозете на моето биро“, вели тој.

Режисерот на „Hays“ Џејн МекНил рече дека работодавците прават проценка на кандидатот во рок од 8 секунди уште од почетокот на интервјуто.

„Останатиот дел од интервјуто поминува потврдувајќи го ова мислење или променувајќи го мислењето, во ретки случаеви“, вели таа.

Најчестите грешки кои ги прават кандидатите за работа

1. Забораваат да испратат CV

„Една од најчестите грешки е тоа што на е-маилот забораваат да го приложат CV, или пак ставаат CV меѓутоа во неправилен формат“, вели бизнис лидерот Андреа Тјоенг.

„Од гледна точка на работодавците, едноставен Word документ е сосема во ред. Недостатокот на внимание на деталите некогаш стои на патот на многу апликации“.

2. Испраќаат апликации до погрешна компанија или личност

Работодавците гледаат многу апликации кои се испратени погрешно, односно до погрешна компанија, или целосно неточно позициско место.

„Јасно е дека прават copy/paste од претходните апликации за работа, што дава впечаток на мрзливи и нефокусирани личности“, вели таа.

Саливан вели дека многу кандидати страдаат поради тоа што повторно не ги прочитале нивните резимеа.

„Често пати погрешно го изговараат моето име и името на нашата компанија и ставаат погрешни датуми на мотивационите писма и резимеата“, вели тој.

„На една од квалификациите на кандидатот пишуваше диплома по ерекција, наместо конструкција“, додава тој.

3. Поставуваат несоодветна фотографија

„Додека работев како регрут за кандидати, добив апликација од човек кој одлучил дека А4 формат фотографија од него во  зелени Speedos костим за капење е соодветна за неговото резиме“, вели тој.

„Сум видел резимеа во кои кандидатите ставаат Фејсбук профил фотографија, вообичаено со чаша шампањ во нивната рака. Јас би препорачал да не ставате вакви фотографии - не сакате работодавците да ве дискриминираат“, вели тој.

4. Го претвораат интервјуто за работа во пикник

МекНил вели дека таа се запознала со многу кандидати кои носат храна и пијалоци за време на интервју.

„Ова е дефинитивно против професионалната стандардна етика да се јади и пие за време на интервју за работа“, вели таа.

5. Ги смируваат нервите со пијалок пред интервјуто

Многу кандидати доаѓаат напиени за време на интервју за работа.

„Мојот клиент интервјуираше една дама пред неколку години која беше напиена и постојано се смееше за време на интервјуто“, вели таа.

6. Пцујат пред потенцијалниот шеф

„Еден кандидат кој неодамна беше интервјуиран ме научи неколку нови пцовки. Доколку е ваков пред мене, замислете како би бил пред моите клиенти“, вели Суливан.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот