X
 13.08.2015 Образование

Како помина вториот ден од првиот уписен рок на УКЛО

Пријавувањето во првиот уписен рок на Универзитетот „Климент Охридски” – Битола се спроведува од 12-ти до 14 август.

 

укло

 

На десетте факултети и високата медицинска школа кадешто кандидатите ги доставуваат документите, бројот на пријавени достигна околу 1100 студенти. За незапишаните, УКЛО ќе спроведе уште два уписни рока, вториот ќе се одржи на 2 и 3 сепетмври, а третиот на 14 септември 2015 година.

 

Во престојните уписни рокови, право да конкурираат за индекс имат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование.

 

Според Конкурсот, во академската 2015/2016 година на прв циклус студии на Универзитет „Климент Охридски” - Битола има вкупно 3803 места: 2090 во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 за вонредни студии. Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование