X
 14.08.2015 Живот

Времето денес и какво време не` очекува овој викенд?

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови услови за развој на нестабилна облачност која може да услови врнежи од дожд ќе има во северозападните предели, во регионот околу Струмица и Радовиш како и во Малешевијата. Слаб северозападен и североисточен ветер.

Утринските температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 7.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во сабота во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Услови за врнежи од дожд во попладневните часови ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Максимална температура до 27 односно до 38 степени

Во недела умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Врнежите можно е да изостанат во делови од јужна и југоисточна Македонија. Дневните температури до 26 односно до 37 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и посвежо со пад на температурите, па во текот на денот тие ќе се движат од 21 до 32 степени.

Во вторник свежо утро, со пониски утрински температури кои ќе се движат од 9 до 19 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Дневна температура до 23 односно до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот