X
 20.08.2015 Живот

Невообичаениот завет и традиција на ползење


Секоја година, на 15 август христијаните го посетуваат храмот на девицата Марија на островот Тинос. Луѓето ширум цела Грција, но и од странство штом стапнат на островот паѓаат на коленици и ползејќи се движат кон храмот да ја видат и допрат сликата на светата девица Марија која се смета за чудотворна.

Ова е традиција од 1823 година, откога иконата била пронајдена на островот Тинос. Наоѓањето на оваа икона се смета за награда по востанието против Турците во 1821 година. После ова, верниците изградиле храм на местото кадешто била пронајдена сликата.

Денес, верниците исполнуваат завет и даруваат нешто вредно за девицата Марија за да ги исполнат своите желби и да се заблагодарат за среќата која ја имаат. Погледнете како изгледа поклонението на Тинос низ фотографии.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот