X
 03.09.2015 Образование

Порно-страница доделува стипендии за студенти

Една од најпознатите интернет-страници за порно содржини на светот, „Pornhub“ најави новост, но не е она што мислите. Се работи за стипендии кои ќе бидат доделувани за студентите.


Стипендиите наречени „Pornhub cares“ се со вредност од 25.000 долари, а секој кој сака да се натпреварува за таква стипендија треба да напише есеј она тема „Како настојуваш да ги направиш другите среќни?“. Освен есејот, кандидатите треба да снимат и видео од 2 до 5 минути во кое зборуваат за добрите работи кои ги прават во својот живот.

Странските медиуми пишуваат дека секој може да се пријави за стипендија. Мотивот позади стипендиите веќе беше критикуван. Имено, многумина сметаат дека ова е само маркетиншки трик на интернет-страницата.

- Многу млади луѓе не ги разбираат последиците и штетата која ја создава порнографијата - коментираше Дон Хокинс од американскиот Национален центар за сексуална експлоатација.

Според неа, тоа може да влијае на нивната иднина и професионална кариера и дека не е добро да се присилуваат „нашите деца да ги продаваат своите тела за да добијат образование“.


Рок за пријаввуање - 31-ви октомври... ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование