X
 25.12.2020 Образование

МОН ги објави резултатите од конкурсот за стипендирање редовни студенти Роми на додипломски студии

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2020/2021 година.

На страницата на МОН освен листите, објавен е и договор за стипендија, кој треба да се преземе, да се испечати и пополни во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 28.12.2020 година да се достави до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

ТУКА можете да ги видите листите и да го преземете договорот.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование