X
 24.03.2015 Образование

Чудни стипендии за студирање кои се доделуваат низ светот

Да бидеме реални - студирањето е скапо. Книгите, предавањата и сите други активности кои се важни за нашата иднина чинат пари. Во многу земји, стипендиите се неопходни за студентите да го извлечат најдоброто од факултетот. Но, сите стипендии не се исти. Има некои навистина уникатни и бизарни стипендии кои се доделуваат низ светот.


За најдобро облечен пар (во лепак)

Секоја година, брендот „Duck tape“ доделува стипендија за најдобро облечен пар на матура чија облека е направена од лепакот.

За најкреативен сендвич

Студентите во САД се охрабрени да ја искористат својата имагинација и да ја тестираат креативноста во натпреварот „Најкреативен сендвич“.

Стипендија од Асоцијација на противпожарни прскачи

Прочитајте есеј за противпожарни прскачи и одговорете на десет кратки прашања за да добиете шанса да освоите стипендија во вредност од 2.000 американски долари.

За уметнички дела од волна

Направете уметничко дело од волна и добијте шанса да освоите стипендија во вредност од 2.000 американски долари. Уметничките дела се оценуваат според креативноста, претставувањето и квалитетот.

Стипендија „Зомби апокалипса“

Замислете дека вашето училиште е полно со зомбиња. Сите ваши професори станале зомбиња. Направете план за одбегнување на зомбињата. Може да добиете стипендија во вредност од 2.000 американски долари.

Направете разгледница

Дизајнирајте разгледница или картичка и може да добиете шанса за освојување 10.000 американски долари!

Вкус на месецот

Одговорете на прашањето користејќи помалку од 250 зборови: „Доколку бевте вкус на сладолед, кој би биле и зошто?“

Стипендии за мрачна поезија

Оваа стипендија се доделува за подршка на поетите и оние кои сакаат да бидат поезија со мрачни теми. Победникот добива 1.250 американски долари.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование