Пред да започнете со предавањата и подготвувањата на испитот, прочитајте ги најпознатите студентски изреки во кои дефинитивно ќе се пронајдете.
„Ми фали ден помеѓу сабота и недела“.
„Ајде да ги распоредиме сите испити во три дена“.
„Се мразам себеси кога ќе сфатам дека истата реченица ја читам по стоти пат, но и понатаму не знам за што се работи во неа“.
„Можеш да ми дадеш рок од 100 години за да напишам семинарска. Пак ќе ја напишам вечерта пред рокот“.
„Оценките не се мерило за знаење“.
„Моето учење во текот на викендот личи на се` ама на учење не“.
„Не ми е јасно зошто ставаат средства за заспивање во кориците на учебниците и скриптите“.
„Кога ќе станеш студент и ги сметаш деновите до испитот, сфаќаш дека од 8 до 12 нема четири дена, туку пет. Очајната личност се фаќа и за сламка“.
„Најмногу ме нервираат студентите кои пред испитот велат дека ништо не знаат, а секогаш добиваат најдобри оценки. Кажи си бе братче дека си учел или најдобро е да молчиш“.
„Моето учење има две фази: „Има уште време“ и „Готово сега, дојде денот“.