X
 18.09.2015 Технологија

До крајот на 2015 доаѓа "Facebook at work"

Компанијата „Фејсбук“ е во својата завршна фаза на подготовки на новиот проект - социјална мрежа за работа.


- Пилот програмата е при крај и компанијата најверојатно ќе ја лансира интерната социјална мреѓа до крајот на оваа година - изјави шефот на проектот, Џулиен Кодорниу.

„Facebook at work“, односно „Фејсбук на работа“ е речиси идентична верзија на социјалната мрежа која ја користиме во моментов, но е наменета за професионално опкружување и е прилагодена за комуницирање со колегите, споделување документи и соработка на проекти.



Оваа верзија се користи во компанијата со години, а апликацијата е ставена како пилот проект во стотина фирми.

Заработката на компанијата во поглед на овој производ не се состои од огласите. Имено, основнота верзија на апликацијата ќе биде бесплатна, но ќе се наплаќаат дополнителните содржини и функции, како аналитики поврзани со корисничките профили.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија