X
 22.09.2015 Технологија

Хакерите од Технолошкиот институт во Масачусетс со поддршка до Ахмед

Во пресрет на апсењето на 14 годишниот Ахмед Мохамед, интернетот експлодира со негова поддршка.

 

1


Деветтоодделенецот минатата недела беше уапсен на училиште поради својот домашно направен часовник. Овој тинејџер сонува да стане инженер и сакал да ѝ го покаже дигиталниот часовник кој го направил на својата наставничка.

Хаштагот #StandwithAhmed се искачи на трендинг листата минатата среда. Претседателот Обама го покани Ахмед да му го покаже часовникот во Белата Куќа, а слична поддршка доби и од Хилари Клинтон, Марк Цукербер и од многу луѓе од секој агол на земјината топка.

 

1


Вчера, хакерите од институтот за технологија во Масачусетс покажаа солидарност подигнувајќи огромен часовник со хаштагот #StandwithAhmed на еден од главните влезови на универзитетот.

Истражувачот за медицински уреди Хозе Гомез-Маркез, успеал да го фотографира огромниот часовник пред 10 часот наутро. До 12.40 часот часовникот бил симнат.

„Ова е нормално за нашиот институт. Овие работи се случуваат во текот на ноќта, за подоцна да бидат симнати од луѓето од институтот“.

 

23


Вработените на универзитетот кои го отстранија часовникот изјавија дека причината поради тоа беше загриженоста уредот да не падне. Сепак, оние кои го отстранија, не го уништија часовникот. Всушност, Маркез вели дека часовникот беше доста внимателно отстранет.

Студентите на овој универзитет не се единствените кои ја покажаа поддршката за Ахмед. Астрофизичарот од овој универзитет Шанда Прескод-Веинстејн неодамна зборуваше со Ахмед на MSNBC. „Ти си мојот идеален студент. Креативен, независен мислител како тебе е тип на човек што треба да стане физичар“, му рече таа. Таа го покани да го посети Институтот како и нивниот центар за теоретска физика. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија