X
 24.09.2015 Наука

Првпат после 32 години, неделава имаме "крвава месечина"


Оваа недела вечер погледнете кон месечината бидејќи после 32 години таа ќе биде голема и црвеникава. На 27 септември, жителите од Северна Америка, Јужна Америка, Атлантскиот океан, Гренланд, Европа, Африка и Средниот исток ќе имаат можност да ја видат Месечината во својата најблиска точка до Земјата.

Месечината ја стигнува оваа точка секој месец, но ретко се случува токму тогаш да биде полна. Оваа недела се случува токму тоа. Полната месечина ќе изгледа 14% поголема во дијаметарот од обично, поради што се нарекува супермесечина.

Истовремено, Земјата ќе минува меѓу сонцето и месечината, со што ќе се создаде целосно затемнување на месечината. Феноменот е познат како крвава месечина.

Последниот пат светот виде затемнување на супермесечина во 1982 година, а следната е во 2033.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука