X
 12.11.2022 Живот

Фотографија од неодамнешното затемнување на Месечината е толку неверојатна, што не изгледа дека е реална

Видовме различни фотографии од целосното затемнување на Месечината што се случи минатата недела. Но оваа фотографија ги надминува сите.

Астрофотографот Ендрју Мекарти ја создаде оваа неверојатна слика прикажувајќи ја Месечината во различни фази од затемнувањето.

- Големината и обликот на сенката на Земјата се јасно видливи тука. Овие настани се апсолутно магични за сведочење и сосема нереални - напиша тој на неговиот твитер-профил.
Мекарти ја направил фотографијата од неговиот двор во Аризона. Ако погледнете внимателно, можете да видите како Месечината се движела низ Земјината сенка во текот на целото затемнување.

Друга впечатлива карактеристика на оваа фотографија е колку е јасна и детална. Како  успеал фотографот да го направи тоа?

- Направив околу 150.000 фотографии. Ја сликав Месечината во мали сегменти правејќи илјадници кадри по сегмент, кои потоа беа подредени, наредени и изострени, па кога панорамата на Месечината беше склопена, излегоа неверојатни детали - вели фотографот.
Мекарти ја нарекува фотографијата „Сенки и зајдисонца“ бидејќи за време на целосно затемнување на Месечината таа сјае во боите од сите изгрејсонца и зајдисонца што се случуваа на Земјата.

Извор: Science Alert
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот