X
 01.10.2015 Технологија

Колку интернет-страници постојат во моментов?

Повеќето интернет-страници умираат по просечно два месеци. Просечното времетраење на една интернет-страница изнесува 100 дена.


На крајот на 1990-те, типична интернет-страница постоела приближно 44 дена. Но, броењето на сите интернет-страници е комплицирано. Сепак, постојат статистики на кои може да им се верува, барем приближно.

Во 1994 година, на пример, имало помалку од 3.000 интернет-страници. До 2014 година, имало повеќе од една милијарда.

Меѓутоа, треба да се земе предвид дека три четвртини од интернет-страниците постојат, но не се активни. Според статистиките на интернет-страницата „Internet live stats“, моментално има 935.950.654 интернет-страници (сега 935.950.713. Почекајте, сега има 935.950.801...).

Бројот е променлив поради промената во бројот на неактивните интернет-страници. Сепак, се очекува да се надмине рекордот од над една милијарда интернет-страници повторно некаде меѓу крајот на 2015 и средината на 2016 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија