X
 12.06.2017 Технологија

Интернетот станува повлијателен од телевизијата


World Wide Web
(Фото: Pixabay)

Вложувањето во огласи на интернет во следните шест месеци ќе го престигне вложувањето на телевизија, смета респектираната фирма на ризичен капитал, „Клајнер Перкинс“. Податокот го изнесува во својот годишен преглед на дигиталната економија, Internet trends, а се однесува на вкупното огласување на светско ниво.

Станува збор за некогаш незамислив пресврт во маркетиншката сила на овие два медиуми; уште пред десет години интернетот беше неколкупати послаб од етаблираните, богати телевизии, а бројни стручни лица со години предвидувале негова пропаст или барем стагнација.

Експлозијата на интернетското огласување се поклопува со експлозијата на мобилните платформи, откако во 2007 година беа лансирани првите оперативни системи за мобилни телефони на „Ајфон“ и „Гугл“. Големите платформи како што се „Гугл“ и „Фејсбук“, поголемиот дел од приходите го остваруваат на мобилните огласи, а на развивањето на пазарите како американскиот, мобилните чинат околу 50 отсто од огласувањата на вебот.

Материјалот на „Клајнер Перкинс“ донесува уште неколку фасцинантни податоци:

– Бројот на гејмери пораснал од 100 милиони во 1995, на 2,6 милијарди во 2016 година;

– Тоа е раст од 2600 проценти во 21 година;

– Со 0 % удели на американскиот пазар на куќни забави во 10 години, „Нетфликс“ дојде на околу 30 отсто;

– Во последните пет години, „Нетфликс“ има раст на гледаноста од 669 %;

– Сервисите за музичко емитување („Спотифај“, „Епл Мјузик“, „Амазон Мјузик“) во 2016 година стигнале на 52 отсто приходи во таа индустрија. Пред 13 години имале 0;

– Интернет комерцијата сѐ уште расте; во Америка 15 % во 2016 спрема 2015;

– Во 2016, 20 отсто од прашањата за пребарувачите биле поставени преку гласовно прашање; односно преку гласовниот помошник како Сири, Алекс и „помошникот на Гугл“.

Целиот документ можете да го прочитате на овој линк.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија