X
 22.10.2015 Економија

Две третини од женските милијардери доаѓаат од една земја

Жените започнуваат да поседуваат сè поголем дел од светското богатство, особено во Кина. Според истражувачкиот институт „Hurun report“, 8 од 10-те најбогати жени во светот се од Кина. Две третини од сите жени милијардери, исто така, се од Кина.


На листата од 10-те најбогати жени на светот се наоѓаат само две кои не се од Кина, а тоа се Елизабет Холмс, основач на компанијата „Теранос“ и Дајен Хендрикс, коосновач на компанијата „ABC supply“. Тие „вредат“ 3,4 милијарди и 2,7 милијарди долари, соодветно.


Опра Винфри, најпознатата претприемачка во САД, се наоѓа на 12-то место.


Со оглед на тоа што кинеските милијардерки се најбројни, тие поседуваат најголем дел од богатството на жените милијардерки.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија