X
 08.10.2025 Живот

Како 19-годишниот Барон Трамп стекна богатство од 150 милиони долари

- Имам многу висок син по име Барон. Дали некој некогаш слушнал за него? - се пошегува Доналд Трамп на инаугуративниот настан во јануари. Најмладиот син на претседателот, кој е висок околу 180 сантиметри и ретко се појавува во јавноста, стана и ја поздрави толпата.

 

Трамп му оддава признание на својот 19-годишен син за тоа што му покажал нешто за крипто-технологијата, изворот на неговото брзорастечко богатство. Барон е еден од основачите на „Ворлд Либерт Фајненшл“, криптокомпанија, заедно со својот татко и постарите браќа. Повеќето финансиски советници не би ги советувале родителите да се занимаваат со крипто, но повеќето родители не се избираат за претседател, а кога неговиот татко победи, компанијата доживеа бум. Имено, „Форбс“ проценува дека ова додало повеќе од 1,5 милијарда долари на богатството на семејството Трамп, а околу 10 проценти, или 150 милиони долари ги поседува Барон.


Постизборен пораст

Во 2018 година Меланија преговараше за својот предбрачен договор за да му даде на својот син подобри услови за наследство и поголема вклученост во семејниот бизнис, според нејзината биографија од 2020 година. Се чини дека дури во 2024 година, кога тој одел на колеџ, а неговиот татко ја започнувал својата трета претседателска кампања, Барон се приклучил во потфатот „Ворлд Либерти“, но неговиот прв обид се покажал како исклучително профитабилен. Компанијата што го држи уделот на семејството Трамп во „Ворлд Либерти“ – „ДТ Маркс Дефи ЛЛЦ“ доби 22,5 милијарди криптотокени во септември 2024 година. Во замена за унапредување и дозвола за користење на името на Трамп, компанијата доби и 75 проценти од приходите на „Ворлд Либерти“ по првите 15 милиони долари од приходи. Претходно, според финансиските извештаи што Трамп ги поднесе како претседател, тој поседувал 70 проценти од „ДТ маркс дефи ЛЛЦ“, а семејството ги имало преостанатите 30 проценти. Синовите Ерик, Дон Џуниор и Барон се наведени како коосновачи, па ако ги поделат тие 30 проценти еднакво, секој од нив би поседувал по 10 проценти. Можно е подоцнежните зделки да ги намалиле нивните удели.


 

По победата на Трамп на изборите, претприемачот и милијардер Џастин Сан, кој беше под истрага на Комисијата за хартии од вредност, објави дека инвестира 75 милиони долари во проектот „Ворлд Либерти“. До август компанијата продаде околу 675 милиони долари во токени, врз основа на податоците објавени од компанијата и нејзините клиенти. Уделот на Барон, по оданочувањето, вреди околу 38 милиони долари. Во март компанијата објави уште еден производ: стабилната кованица УСД1, врзана за американскиот долар. Пазарната капитализација на валутата е околу 2,6 милијарди долари, што сугерира дека бизнисот зад неа вреди околу 880 милиони долари. Се чини дека ентитет во сопственост на семејството Трамп поседува 38 проценти од потфатот. Уделот на Барон би можел да вреди околу 34 милиони долари.


Барон, исто така, доби околу 2,25 милијарди токени од „Ворлд Либерти“ - 10 проценти од првичниот пакет токени од 22,5 милијарди доделени на компанијата на Трамп. Претпоставениот удел од 10 проценти на Барон денес вреди околу 45 милиони долари.

Износот изнесува нешто повеќе од 150 милиони долари - не е незначителна сума за 19-годишен студент на втора година. Барон, кој нема други средства, би можел да ја плати школарината од 67.430 долари на Факултетот за бизнис при Универзитетот „Њујорк Стерн“ повеќе од 2.200 пати со тие пари.

Извор: forbes.dnevnik.hr

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот