X
 25.10.2015 Наука

Првата земја во светот која ќе биде 100% органска

Месецов се одбележа Светскиот ден на храната (16 октомври), а во рамки на тоа, интернет-медиумите пишуваа доста за првата земја во светот која ќе биде 100% органска.


Што значи тоа?

Бутан има план да биде 100% органска до 2020 година. Ова хималајско кралство има оригинален економски модел за развој во светот.

Во 1972 година, бил претставен план за Бруто домашна среќа на местото на Бруто домашниот производ, во рамките на кој се плановите за заштита на околината и промовирање на развојот. Покрај тоа, Бутан се труди да ги забрани хемиските состојки кои се користат во производството на храната. Наместо тоа, владата охрабрува користење на природни состојки.

Бутан е претежно рурална земја, а само 3% од површината се искористени за нешто покрај агрикултурата. Овој „хендикеп“ може да стане предност за земјата со тоа што ќе се зголеми квалитетот на извозните производи.

Бутан се разликува од останатите земји и во поглед на енергијата. Имено, поголемиот дел од енергијата со која се снабдуваат домаќинствата се добиваат од многубројните реки.

Воздухот е најчистиот во светот, 5% почист од европските стандарди. 90% од работното земјиште на населението е 99% органско.

Се чини дека 100% не се невозможна мисија за 2020 година во Бутан.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука